депортира св. и несв.

депортира (св. и несв.)

Ама, селото да ти биде сѐ со Чечени, депортирани од Кавказ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Стотици македонски семејства депортирале во Северна Бугарија: во пустелиите на Добруџа или во напуштените турски чифлици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
25 Границите не служат само за разграничување помеѓу „пријатели“ и „непријатели“, помеѓу „граѓани“ кои имаат одредени права и обврски и „странци“, туку тие исто така го сочинуваат она што е блиско и прифатливо за заедницата, како спротивно на она што заедницата сака да го негира, стигматизира и депортира, да го отфрли од своето тело.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Дали козарите ги затвораат, ги судат, ги депортираат?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А таа логика ќе доведе до пасивен отпор на козарите, до нивниот транспорт и до депортирање во градот, до последната станица на нивната бела револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, немајќи доволно конкретен материјал да испрати пред суд лица за кои бил уверен дека се членови на МРО, Хилми-паша планирал таквите да ги депортира без судење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Невините се депортираат: вечна сегашност.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)